Стар Завет

Нов Завет

Матеј 24:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се приближија за да Му ги покажат зградите на Храмот.

2. А Тој им одговори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.”

3. Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?”

4. И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој;

5. зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина.

6. А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај.

7. Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места.

8. Но сè тоа е само почеток на страдањата.

9. Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име.

10. Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот;

11. и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.

12. И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.

13. А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.

Прочитајте целосна глава Матеј 24