Стар Завет

Нов Завет

Матеј 23:28-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.”

29. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои им градите гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на праведните,

30. и велите: „ Ако живеевме во деновите на нашите татковци, не ќе бевме нивни соучесници во крвта на пророците.”

31. Така сведочите за себе, дека сте синови на оние, кои ги убиле пророците.

32. И вие ја дополнивте мерата на вашите татковци!

33. Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?

34. Затоа, еве, Јас ви праќам: пророци, и мудреци, и книжници. Од нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги бичувате во вашите синагоги и ќе ги гоните од град до град,

35. за да дојде врз вас сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу Храмот и жртвеникот.

36. Вистина ви велам, сето тоа ќе дојде врз ова поколение.”

Прочитајте целосна глава Матеј 23