Стар Завет

Нов Завет

Матеј 23:21-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. И кој се колне во Храмот, се колне во него и во Оној, Кој живее во него.

22. И кој се колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној, Кој седи на него.”

23. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова требаше да се прави, а она да не се остава!

24. Слепи водачи! Вие го цедите комарецот, а ја проголтувате камилата.”

25. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ја чистите надворешноста на чашата и чинијата, а внатре сте полни со грабеж и лакомост!

26. Слепи фарисеју! Очисти ја најнапред внатрешноста на чашата, за да и биде чиста и надворешноста!”

27. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти приличите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистота!

28. Така и вие однадвор им се покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и беззаконие.”

29. ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои им градите гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на праведните,

30. и велите: „ Ако живеевме во деновите на нашите татковци, не ќе бевме нивни соучесници во крвта на пророците.”

31. Така сведочите за себе, дека сте синови на оние, кои ги убиле пророците.

32. И вие ја дополнивте мерата на вашите татковци!

33. Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?

34. Затоа, еве, Јас ви праќам: пророци, и мудреци, и книжници. Од нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги бичувате во вашите синагоги и ќе ги гоните од град до град,

35. за да дојде врз вас сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу Храмот и жртвеникот.

Прочитајте целосна глава Матеј 23