Стар Завет

Нов Завет

Матеј 23:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Исус му рече на народот и на Своите ученици;

2. говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите,

3. затоа сè што ќе ви речат - правете и пазете - но не постапувајте според нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат!

4. Туку врзуваат тешки и неподносливи бремиња и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не сакаат ни со прст да ги помрднат.

5. А сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; затоа ги рашируваат своите молитвени записи и ги прават големи ресите на облеките;

6. ги сакаат: челните места по гозбите и првите места во синагогите;

7. поздравите на јавните места и луѓето да ги наречуваат ‘рави’.

8. А вие не наречувајте се учители - зашто е Еден вашиот Учител - Христос, а вие сите сте браќа.

9. И никого на земјата не наречувајте го свој ‘татко’, зашто е Еден вашиот небесен Татко.

Прочитајте целосна глава Матеј 23