Стар Завет

Нов Завет

Матеј 21:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив.

8. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот.

9. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!”

10. И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, говорејќи: „Кој е Овој?”

11. А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.”

12. И Исус влезе во Храмот и ги истера сите, кои купуваа и продаваа во Храмот, па им ги преврте столовите на менувачите на сребреници, и столиците на продавачите на гулаби,

13. и им рече: „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.”

14. И Му пристапија слепи и хроми, во Храмот, и ги излекува.

15. А кога првосвештениците и книжниците ги видоа чудесата што ги направи, и децата, кои викаа во Храмот: „Осана на Давидовиот Син!”, се налутија

16. и Му рекоа: „Слушаш ли што зборуваат овие?” А Исус им рече: „Да, зар не сте читале никогаш: ‘Од устата на децата и доилчињата, Си приготви пофалба?’”

17. И ги остави и излезе од градот во Витанија и преноќева таму.

18. А кога утредента се враќаше во градот, огладне.

Прочитајте целосна глава Матеј 21