6. Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус.
7. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив.
8. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот.
9. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!”
10. И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, говорејќи: „Кој е Овој?”
11. А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.”
12. И Исус влезе во Храмот и ги истера сите, кои купуваа и продаваа во Храмот, па им ги преврте столовите на менувачите на сребреници, и столиците на продавачите на гулаби,
13. и им рече: „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.”
14. И Му пристапија слепи и хроми, во Храмот, и ги излекува.
15. А кога првосвештениците и книжниците ги видоа чудесата што ги направи, и децата, кои викаа во Храмот: „Осана на Давидовиот Син!”, се налутија