38. Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!”
39. И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија.
40. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”
41. Му одговорија: „Овие злосторници тој бедно ќе ги уништи, а лозјето ќе им го даде под наем на други земјоделци, кои ќе му ги даваат плодовите во нивно време.”
42. Исус им рече: „Зар не сте прочитале никогаш во Писмата: „Каменот што го отфрлија ѕидарите; тој стана крајаголен камен; од Господа е тоа и чудесно е во нашите очи.”
43. Затоа ви велам, дека ќе ви биде одземено Божјото Царство и ќе му биде дадено на народ, кој ќе ги донесува неговите плодови!
44. И кој ќе падне врз тој камен - ќе се разбие; а врз кого ќе падне тој - ќе го здроби.”
45. И кога првосвештениците и фарисеите ги чуја тие Негови параболи, разбраа дека зборува за нив.
46. И гледаа да Го фатат, но се боеја од народот, зашто Го сметаше за пророк.