Стар Завет

Нов Завет

Матеј 21:33-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. ”Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде.

34. А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови.

35. И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа.

36. Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто.

37. Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!”

38. Но земјоделците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!”

39. И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија.

40. Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?”

41. Му одговорија: „Овие злосторници тој бедно ќе ги уништи, а лозјето ќе им го даде под наем на други земјоделци, кои ќе му ги даваат плодовите во нивно време.”

Прочитајте целосна глава Матеј 21