Стар Завет

Нов Завет

Матеј 21:24-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова.

25. Од каде беше Јовановото крштавање? Од небото или од луѓето?” А тие размислуваа во себе, велејќи:” Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’

26. А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.”

27. И Му одговорија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!” Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.”

28. ”Но, како ви се гледа? Еден човек имаше два сина, па дојде при првиот и му рече: ‘Синко, оди и работи денес во лозјето!’

29. Тој одговори и рече:

30. ’Нејќам!’ - но после се предомисли и отиде. Дојде при вториот и му рече исто така. А тој одговори и рече: ‘Одам, господаре’ и не отиде.

31. Кој од двајцата ја исполни татковата волја?” Рекоа: „Првиот!” Исус им рече: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство.

32. Зашто, Јован дојде при вас по патот на правдата и не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа. А вие видовте, но не се покајавте после, за да му поверувате.”

Прочитајте целосна глава Матеј 21