Стар Завет

Нов Завет

Матеј 21:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И ги остави и излезе од градот во Витанија и преноќева таму.

18. А кога утредента се враќаше во градот, огладне.

19. И виде смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и и рече: „Отсега да нема плод од тебе довека!” И смоквата се исуши веднаш.

20. И кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: „Како се исуши смоквата веднаш?”

21. Исус одговори и рече: „Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе направите не само тоа, што и се случи на смоквата, туку ако и речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе биде;

22. и сè што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.”

23. И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?”

Прочитајте целосна глава Матеј 21