1. И кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија при Маслиновата Гора, тогаш Исус испрати два ученика, велејќи:
2. ”Отидете во селото што е пред вас! Таму ќе најдете веднаш врзана ослица и осле со неа. Одврзете ги и доведете Ми ги!
3. И ако некој ви рече нешто, речете му: ‘Потребни Му се на Господа’, и веднаш ќе ги пушти.
4. А тоа стана, за да се исполни кажаното преку пророкот кој вели:
5. ”Кажете и на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!”
6. Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус.
7. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив.
8. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот.
9. А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благословен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!”