Стар Завет

Нов Завет

Матеј 21:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Витфагија при Маслиновата Гора, тогаш Исус испрати два ученика, велејќи:

2. ”Отидете во селото што е пред вас! Таму ќе најдете веднаш врзана ослица и осле со неа. Одврзете ги и доведете Ми ги!

3. И ако некој ви рече нешто, речете му: ‘Потребни Му се на Господа’, и веднаш ќе ги пушти.

4. А тоа стана, за да се исполни кажаното преку пророкот кој вели:

5. ”Кажете и на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!”

6. Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус.

7. Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив.

8. Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот.

Прочитајте целосна глава Матеј 21