Стар Завет

Нов Завет

Матеј 20:23-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете; и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; но да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил.”

24. И кога го чуја тоа десетмината, се налутија на двата брата.

25. А Исус ги повика и рече: „Знаете дека владетелите на народите господарат над нив и дека големците ги угнетуваат.

26. Нека не биде така меѓу вас! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга!

27. И кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга;

28. како што Човечкиот Син не дојде да Му служат, туку да служи и да ја даде Својата душа за откуп на мнозина.”

29. А кога излегуваа од Ерихон, големо множество тргна по Него.

30. И ете, двајца слепи, седејќи покрај патот, чуја дека Исус минува, и извикаа велејќи: „Господи, Давидов Сине, смилувај ни се!”

31. А множеството им се закани да замолчат, а тие извикаа уште посилно: „Господи, Давидов Сине, смилувај ни се!”

32. И Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да направам за вас?”

33. Му рекоа: „Господи, да ни се отворат очите!”

34. И Исус им се смили и им ги допре очите; и веднаш прогледаа и тргнаа по Него.”

Прочитајте целосна глава Матеј 20