2. И кога се погоди со трудбениците по денариј на ден, ги испрати во своето лозје.
3. И кога излезе пак околу третиот час виде други како стојат, на трговиштето, без работа,
4. и им рече: „Одете и вие во моето лозје, па ќе ви дадам што ќе биде право!”
5. И тие отидоа. А кога излезе пак околу шестиот и деветтиот час го направи истото.
6. А околу единаесеттиот час пак излезе и најде други, како стојат, и им рече: „Зошто стоите тука цел ден без работа?”
7. Му рекоа: „Никој не нè наеми.” Тој им рече: „Отидете и вие во моето лозје.”
8. А кога се свечери, господарот на лозјето му рече на својот управител: „Повикај ги трудбениците и плати им, почнувајќи од последните па до првите!”