Стар Завет

Нов Завет

Матеј 19:8-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Им рече: „Заради вашето закоравено срце, Мојсеј ви дозволи да ги оставате вашите жени, но во почетокот не беше така.

9. Туку ви велам: „Кој ќе ја остави својата жена - освен за прељубодејство - и се ожени за друга, прави прељуба; и кој ќе се ожени со напуштена, прави прељуба.”

10. Учениците Му рекоа: „Ако е тоа причината меѓу мажот и жената, подобро да не се жени.”

11. А Тој им рече: „Сите не можат да ги сфатат тие зборови, туку оние, на кои им е дадено.

12. Зашто има скопци, кои се родени така од мајчината утроба, и има скопци, кои се скопени од луѓе, и има скопци, кои самите се скопиле заради небесното царство. Кој може да прими, нека прими!”

13. Тогаш доведоа дечиња при Него, за да ги положи рацете над нив и да се помоли; но учениците ги укорија.

14. А Исус рече: „Оставете ги децата и не им пречете да дојдат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.”

15. И ги положи рацете на нив, и си отиде оттаму.

16. И ете, еден Му пристапи и рече: „Учителе добар, какво добро да направам, за да имам вечен живот?”

17. А Тој му рече: „Зошто Ме прашуваш за добро? Еден е Добар! А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите!”

18. Му рече: „Кои?” А Исус рече: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно,

19. почитувај ги татка си и мајка си и љуби го својот ближен како себеси!”

20. Момчето Му рече: „Сето тоа сум го пазел од младост, уште што ми недостига?”

21. Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и дај им на сиромасите, и ќе имаш благо на небото! Дојди и следи Ме!”

22. А кога момчето го чу тој збор, си отиде нажален, зашто имаше многу имоти.

23. А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам: богат мачно ќе влезе во небесното царство!”

24. И пак ви велам: „Полесно и е на камилата да помине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во Божјото Царство.”

25. Кога учениците го чуја тоа се зачудија мошне и рекоа: „Тогаш, кој може да се спаси?”

26. Исус ги погледна и им рече: „На луѓето ова им е невозможно, но за Бога сè е возможно.”

27. Тогаш Петар одговори и Му рече: „Еве, ние оставивме сè и тргнавме по Тебе; и така, ние што ќе имаме?”

Прочитајте целосна глава Матеј 19