Стар Завет

Нов Завет

Матеј 18:29-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослужител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сè.’

30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот.

31. А кога неговите сослужители видоа што се случи, мошне многу се нажалија, и дојдоа и му кажаа на својот господар сè што се случи.

32. Тогаш неговиот господар го повика и му рече: ‘Зол слуго! Ти го простив сиот оној долг, зашто ме молеше.

33. Не требаше ли и ти да му се смилуваш на твојот сослужител, како што и јас ти се смилив тебе?’

Прочитајте целосна глава Матеј 18