22. Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.”
23. Затоа царството небесно е слично на некојси цар, кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.
24. А кога почна да ги расчистува, при него беше доведен еден, кој му должеше десет илјади таланти.
25. И бидејќи немаше да ги врати, господарот заповеда да го продадат него, неговата жена и децата, и сè што имаше, за да се плати долгот.
26. Тогаш слугата падна и му се поклонуваше, велејќи: ‘Господаре, имај трпение кон мене и ќе ти исплатам сè.’
27. И поттикнат со сожалување, господарот на оној слуга, го пушти, и му го прости долгот.
28. Но штом слугата излезе, и најде еден од своите сослужители, кој му должеше сто денарии, го фати, и го давеше, велејќи: ‘Исплати ми, тоа што ми должиш.’
29. Тогаш падна пред неговите нозе неговиот сослужител и го молеше, велејќи: ‘Имај трпение со мене, и ќе ти исплатам сè.’
30. Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека го исплати долгот.