поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28

Стар Завет

Нов Завет

Матеј 17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И по шест дни Исус ги зеде со Себе: Петра, и Јакова и брата му Јована, и ги изведе на висока гора насамо.

2. И беше преобразен пред нив, лицето Му светна како сонцето, а Неговата облека стана бела како светлината.

3. И ете, им се јавија Мојсеј и Илија и разговараа со Него.

4. А Петар одговори и Му рече на Исуса: „Господи, добро е за нас да сме тука; ако сакаш ќе направиме тука три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеја и еден за Илија.”

5. Додека уште зборуваше тој, ете, ги засени светол облак, и ете, глас од облакот велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината; слушајте Го Него!”

6. И кога учениците го чуја тоа, паднаа на своите лица и многу се уплашија.

7. А Исус се приближи до нив, ги допре и рече: „Станете и не бојте се!”

8. И кога тие ги подигнаа своите очи, не видоа никого, освен Исуса Самиот.

9. И кога слегнуваа од гората, Исус им заповеда, велејќи: „Никому не кажувајте за ова привидение, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.”

10. И Неговите ученици Го прашаа, говорејќи: „Зошто тогаш книжниците велат, дека Илија најнапред мора да дојде?”

11. А Тој им одговори и рече: „Навистина Илија иде и ќе обнови сè.

12. Но, ви велам, дека Илија веќе дојде, и не го познаа, туку му направија како што сакаа. Така и Синот Човечки ќе пострада од нив.”

13. Тогаш учениците разбраа дека им зборуваше за Јована Крстител.

14. И кога дојдоа при мноштвото, еден човек Му пристапи, падна на колена пред Него и рече:

15. ”Господи, смилувај му се на мојот син, зашто е месечар и се мачи многу; зашто често паѓа во огнот и често во водата.

16. И го доведов при Твоите ученици, а тие не можеа да го исцелат.”

17. И Исус одговори и рече: „О, неверен и развратен роде! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука.”

18. И Исус го прекори, и излезе демонот од него, и момчето беше исцелено од тој час.

19. Тогаш учениците дојдоа при Исуса насамо и рекоа: „Зошто не можевме ние да го изгониме?”

20. А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно.

21. А овој род не излегува освен преку молитва и постење.”

22. И додека беа заедно во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,

23. и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе биде воскреснат.” И тие многу се нажалија.

24. А кога дојдоа во Капернаум, собирачите на двете драхми, храмовиот данок, му пристапија на Петра и рекоа: „Зарем вашиот Учител не плаќа две драхми?”

25. Тој рече: „Да.” И кога влезе во куќата Исус го испревари, велејќи: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок, од своите синови или од туѓинците?”

26. А Петар Му рече: „Од туѓинците,” Исус му рече: „Значи, синовите се слободни.”

27. Но за да не ги соблазниме, оди до морето, фрли јадица и земи ја првата риба што ќе излезе, и кога ќе и ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за тебе.”