8. ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.
9. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”
10. И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете!
11. Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.”
12. Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?”
13. А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната.
14. Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”
15. А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.”
16. А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање?
17. Не разбирате ли дека сè што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор?
18. А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот.
19. Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.
20. Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јадењето со неизмиени раце не го онечистува човекот.”
21. И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон.