Стар Завет

Нов Завет

Матеј 15:29-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. И откако замина оттаму, Исус дојде покрај морето Галилејско, се искачи на гората и седна таму.

30. И дојдоа при Него големи мноштва, кои имаа со себе: хроми, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред Исусовите нозе, и Тој ги исцели,

31. така што мноштвата се восхитуваа како гледаа немите да зборуваат, сакатите здрави, хромите да одат и слепите да гледаат; и Го прославуваа Бога Израелев.

32. А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.”

33. И учениците Негови Му рекоа: „Откаде ни во пустината толку леб, за да наситиме толку големо мноштво?”

34. И Исус им рече: „Колку лебови имате?” Тие рекоа: „Седум и неколку рипчиња.”

35. И му заповеда на мноштвото да поседне по земјата;

36. ги зеде седумте лебови и рибите, благодари и ги раскрши; и им даде на учениците, а учениците на мноштвото.

37. И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, седум кошеви полни.

38. А оние, кои јадеа, беа четири илјади мажи, освен жените и децата

39. И штом ги распушти мноштвата, влезе во коработ, и дојде во пределите на Магдала.

Прочитајте целосна глава Матеј 15