Стар Завет

Нов Завет

Матеј 15:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа:

2. ”Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.”

3. А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?

4. Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’

5. а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога,

6. тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.

7. Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи:

8. ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.

9. Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”

10. И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете!

11. Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.”

12. Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?”

13. А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната.

Прочитајте целосна глава Матеј 15