Стар Завет

Нов Завет

Матеј 14:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време четворовласникот Ирод го чу гласот за Исуса;

2. и им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, и затоа силните дела дејствуваат во Него.”

3. Зашто Ирод го фати Јована, го врза и го стави во затвор, заради Иродијада, жената на брата си Филипа;

4. бидејќи Јован му велеше: „Не ти е дозволено да ја имаш.”

5. И сакајќи да го убие, се боеше од народот, зашто го држеше за пророк.

6. А кога се празнуваше Иродовиот роденден, Иродијадината ќерка играше среде и му угоди на Ирода,

Прочитајте целосна глава Матеј 14