Стар Завет

Нов Завет

Матеј 12:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време, Исус минуваше низ посевите во сабота; а Неговите ученици огладнеа и почнаа да кинат класје и да јадат.

2. А фарисеите штом го видоа тоа, Му рекоа: „Гледај, Твоите ученици прават, што не е дозволено да се прави во сабота.”

3. А Тој им рече: „Зар не сте читале што направи Давид, кога огладне тој и оние кои беа со него?

4. Како влезе во Божјиот дом и ги изеде изложените лебови, што не смееја да ги јадат ни тој, ни неговите другари, а само свештениците?

Прочитајте целосна глава Матеј 12