Стар Завет

Нов Завет

Матеј 11:9-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Туку зошто излеговте? Да видите ли пророк? Да, ви велам, и повеќе од пророк.

10. Овој е оној, за кого е пишано: ‘Еве, го испраќам Мојот вестител пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.’

11. Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.

12. А од дните на Јована Крстител досега царството небесно трпи насилство и насилниците го земаат насила;

13. зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована;

14. и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши нека слуша!”

16. ”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,

17. велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’

18. Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!”

19. Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! „И мудроста се оправда преку нејзините дела.”

20. Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија најмногу Негови чуда, зашто не се покајаа.

21. ”Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случија чудата, што се случија при вас, одамна би се покајале во вреќиште и пепел.

22. Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам.

23. И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.

24. Но ви велам, на земјата Содомска ќе и биде полесно на судниот ден, отколку тебе.”

Прочитајте целосна глава Матеј 11