Стар Завет

Нов Завет

Матеј 11:24-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Но ви велам, на земјата Содомска ќе и биде полесно на судниот ден, отколку тебе.”

25. Во тоа време, Исус одговори и рече: „Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си го открил на младенците.

26. Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе.

27. Сè Ми е предадено од Мојот Татко, и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, и оној кому Синот сака да му открие.”

28. ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.

29. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души;

30. зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”

Прочитајте целосна глава Матеј 11