Стар Завет

Нов Завет

Матеј 11:13-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. зашто сите пророци и Законот пророкуваа до Јована;

14. и ако сакате да примите, тој е Илија, кој треба да дојде.

15. Кој има уши нека слуша!”

16. ”А со што да го споредам овој род? Личи на децата, кои седат по трговиштата и им викаат на другарите,

17. велејќи: ‘Ви свиревме на свирол и не игравте, ви пеевме жални песни и не жалевте.’

18. Зашто дојде Јован, кој ниту јаде, ниту пие, а тие велат: „Има демон!”

19. Дојде Синот Човечки, кој јаде и пие, па велат: „Еве, човек лаком и пијаница, пријател на цариници и на грешници! „И мудроста се оправда преку нејзините дела.”

20. Тогаш почна да ги укорува градовите, во кои се случија најмногу Негови чуда, зашто не се покајаа.

21. ”Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон се случија чудата, што се случија при вас, одамна би се покајале во вреќиште и пепел.

22. Но, ви велам: полесно ќе им биде на Тир и Сидон во судниот ден, отколку вам.

23. И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.

24. Но ви велам, на земјата Содомска ќе и биде полесно на судниот ден, отколку тебе.”

25. Во тоа време, Исус одговори и рече: „Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си го открил на младенците.

26. Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе.

27. Сè Ми е предадено од Мојот Татко, и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, и оној кому Синот сака да му открие.”

28. ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.

29. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души;

Прочитајте целосна глава Матеј 11