Стар Завет

Нов Завет

Матеј 1:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. на Зоровавела му се роди Авијуд, на Авијуда му се роди Елијаким, на Елијакима му се роди Азор,

14. на Азора му се роди Садок, на Садока му се роди Ахим, на Ахима му се роди Елијуд,

15. на Елијуда му се роди Елеазар, на Елеазара му се роди Матан, на Матана му се роди Јаков,

16. на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос.

17. И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет родови; и од Давида до преселбата во Вавилон четиринаесет родови; и од преселбата во Вавилон до Христа четиринаесет родови.

18. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.

Прочитајте целосна глава Матеј 1