Стар Завет

Нов Завет

Матеј 1:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. на Езекија му се роди Манасија, на Манасија му се роди Амон, на Амона му се роди Јосија,

11. на Јосија му се родија Јехонија и неговите браќа во времето на преселувањето во Вавилон.

12. По Вавилонската преселба, на Јехонија му се роди Салатиел, на Салатиела му се роди Зоровавел,

13. на Зоровавела му се роди Авијуд, на Авијуда му се роди Елијаким, на Елијакима му се роди Азор,

14. на Азора му се роди Садок, на Садока му се роди Ахим, на Ахима му се роди Елијуд,

15. на Елијуда му се роди Елеазар, на Елеазара му се роди Матан, на Матана му се роди Јаков,

16. на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос.

17. И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет родови; и од Давида до преселбата во Вавилон четиринаесет родови; и од преселбата во Вавилон до Христа четиринаесет родови.

18. А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.

19. А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно.

20. Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21. Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”

22. А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели:

23. ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”

Прочитајте целосна глава Матеј 1