Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:33-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. И го одведе насамо од народот, ги стави Своите прсти во неговите уши, и плукна и го допре неговиот јазик;

34. погледна кон небото, воздивна и му рече: „Ефата!” - односно: „Отвори се!”

35. И веднаш му се отворија ушите и му се разврза врската на неговиот јазик, и зборуваше чисто.

36. И им порача никому да не кажуваат. Но колку повеќе им наредуваше Тој, толку повеќе тие разгласуваа.

37. И прекумерно се чудеа и велеа: „Сè добро прави! И глувите ги прави да слушаат, и немите да зборуваат!”

Прочитајте целосна глава Марко 7