Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:23-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”

24. Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен.

25. Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфатена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе.

26. А таа жена беше Елинка, родум Сирофеничанка. И Го молеше да го истера бесот од ќерка и.

27. А Тој и рече: „Остави прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.”

28. Таа пак одговори: „Да, Господи! но и кученцата под трпезата јадат од трошките на децата.”

29. И и рече: „Заради тој збор - оди си - бесот излезе од ќерка ти.”

30. И се врати дома и го најде детето, како лежи на постелата, а бесот излезен.

31. И кога излезе пак од пределите на Тир, дојде - преку Сидон - до Галилејското Море, среде пределите на Десеттоградието.

Прочитајте целосна глава Марко 7