Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.

18. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,

19. зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

20. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист,

21. зашто од внатрешноста, од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства,

22. кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.

23. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”

24. Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен.

25. Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфатена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе.

Прочитајте целосна глава Марко 7