16. Кој има уши, нека слуша!”
17. Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.
18. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,
19. зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.
20. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист,
21. зашто од внатрешноста, од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства,
22. кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
23. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”
24. Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен.
25. Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфатена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе.
26. А таа жена беше Елинка, родум Сирофеничанка. И Го молеше да го истера бесот од ќерка и.
27. А Тој и рече: „Остави прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.”
28. Таа пак одговори: „Да, Господи! но и кученцата под трпезата јадат од трошките на децата.”
29. И и рече: „Заради тој збор - оди си - бесот излезе од ќерка ти.”
30. И се врати дома и го најде детето, како лежи на постелата, а бесот излезен.