Стар Завет

Нов Завет

Марко 7:16-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кој има уши, нека слуша!”

17. Веднаш, кога се оддалечи од народот, Тој влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за смислата на параболата.

18. Тој им рече: „Така! Зар и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него,

19. зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти.

20. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист,

21. зашто од внатрешноста, од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства,

22. кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.

23. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”

24. Се крена оттаму и отиде во Тирскиот и Сидонскиот Крај. Влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае. А не можеше да остане скриен.

25. Кога чу за него една жена, чија ќерка беше опфатена од нечист дух; таа дојде и падна пред Неговите нозе.

26. А таа жена беше Елинка, родум Сирофеничанка. И Го молеше да го истера бесот од ќерка и.

27. А Тој и рече: „Остави прво да се наситат децата, зашто не е добро да им се земе лебот на дечињата и да се фрли на кученцата.”

Прочитајте целосна глава Марко 7