Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:43-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите.

44. А оние кои јадеа леб, беа околу пет илјади мажи.

45. И веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат порано на другата страна, кон Витсаида, додека Тој го распушти народот.

46. И откако се прости од нив, отиде на гората да се помоли.

47. А приквечер каработ беше среде море, а Тој самиот на земјата.

48. И кога ги виде како се мачат веслајќи - зашто ветерот им беше спротивен, околу четвртата ноќна стража, дојде до нив, одејќи по морето, и сакаше да ги замине.

49. А тие, кога Го видоа како оди по морето, помислија дека е привидение, и извикаа,

50. зашто сите Го видоа и се исплашија. Но, Тој веднаш им проговори и им рече: „Бидете храбри! Јас Сум! Не бојте се!”

51. Тогаш влезе при нив во коработ, и ветерот стивна. Тие се зачудија многу во себе,

52. зашто не го разбраа чудото со лебовите, туку срцето им беше закоравено.

53. И кога преминаа, дојдоа на копно во Генисарет и излегоа.

Прочитајте целосна глава Марко 6