Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:31-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. И им рече: „Дојдете вие сами, на пусто место и починете си малку!” Зашто, мнозина доаѓаа и си заминуваа, и немаа време ни да јадат.

32. И отидоа со кораб на пусто место насамо.

33. Но ги видоа кога заминуваа и мнозина Го познаа и се запатија пеш, од сите градови, и стигнаа пред нив.

34. А кога излезе од коработ, виде големо множество и се сожали за нив, зашто беа како овци без пастир, и почна да ги поучува многу.

35. И бидејќи времето поодмина доста, Неговите ученици Му пристапија и Му рекоа: „ Местово е пусто, а веќе е доцна.

36. Распушти ги, за да отидат по околните колиби и села, и да си купат нешто да јадат!”

37. А Тој одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!” Му рекоа: „Да одиме ли да купиме леб за двеста денарии и да им дадеме да јадат?”

38. А Тој им рече: „Колку лебови имате? Одете и видете!” И кога узнаа, рекоа: „Пет и две риби.”

39. И им заповеда да ги наместат сите по групи, на зелената трева.

40. И прилегнаа во групи по сто и педесет.

41. И ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, благослови и ги раскрши лебовите, па им даваше на учениците да ги ставаат пред нив; и двете риби им ги раздели на сите.

42. И сите јадеа и се наситија.

43. И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите.

44. А оние кои јадеа леб, беа околу пет илјади мажи.

45. И веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат порано на другата страна, кон Витсаида, додека Тој го распушти народот.

46. И откако се прости од нив, отиде на гората да се помоли.

47. А приквечер каработ беше среде море, а Тој самиот на земјата.

48. И кога ги виде како се мачат веслајќи - зашто ветерот им беше спротивен, околу четвртата ноќна стража, дојде до нив, одејќи по морето, и сакаше да ги замине.

Прочитајте целосна глава Марко 6