Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:27-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. И царот веднаш испрати стражар и му нареди да ја донесе неговата глава. И тој отиде, му ја отсече главата во темницата,

28. и ја донесе неговата глава на послужавник и и ја даде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.

29. А кога неговите ученици чуја, дојдоа и го зедоа неговото тело и го положија во гроб.

30. И апостолите се собраа при Исуса и Го известија за сè што направиле и што поучувале.

31. И им рече: „Дојдете вие сами, на пусто место и починете си малку!” Зашто, мнозина доаѓаа и си заминуваа, и немаа време ни да јадат.

32. И отидоа со кораб на пусто место насамо.

33. Но ги видоа кога заминуваа и мнозина Го познаа и се запатија пеш, од сите градови, и стигнаа пред нив.

Прочитајте целосна глава Марко 6