Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А Иродијада беше озлобена на него и сакаше да го убие, но не можеше.

20. Зашто Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е човек праведен и свет, и го пазеше; и кога го слушаше, се збунуваше многу, но сепак го слушаше со задоволство.

21. И кога дојде погоден ден, кога Ирод на својот роденден, им даде вечера на своите кнезови, на војводите и на галилејските прваци;

22. влезе Иродијадината ќерка и поигра и им угоди на Ирода и на прилегнатите со него, и царот и рече на девојката: „Побарај од мене што сакаш и ќе ти дадам.”

Прочитајте целосна глава Марко 6