Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Други пак велеа, дека е Илија; а други велеа дека е пророк, или како еден од пророците.

16. Но кога Ирод чу, рече: „Јован, кому јас му ја отсеков главата, тој стана од мртвите.”

17. Имено, Ирод испрати и го фати Јована и го врза во темницата, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, бидејќи се ожени со неа,

18. зашто Јован му велеше на Ирода: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на брата си.”

19. А Иродијада беше озлобена на него и сакаше да го убие, но не можеше.

20. Зашто Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е човек праведен и свет, и го пазеше; и кога го слушаше, се збунуваше многу, но сепак го слушаше со задоволство.

21. И кога дојде погоден ден, кога Ирод на својот роденден, им даде вечера на своите кнезови, на војводите и на галилејските прваци;

22. влезе Иродијадината ќерка и поигра и им угоди на Ирода и на прилегнатите со него, и царот и рече на девојката: „Побарај од мене што сакаш и ќе ти дадам.”

23. И и, се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам - до половина на моето царство.”

24. А таа излезе и и рече на мајка си: „Што да побарам?” А таа рече: „Главата на Јована Крстител.”

25. И веднаш, откако влезе брзо кај царот, побара, велејќи: „Сакам да ми ја дадеш, сега веднаш, на послужавник главата на Јована Крстител.”

26. И царот многу се натажи, но заради заклетвата и оние што седеа со него, не сакаше да ја одбие.

27. И царот веднаш испрати стражар и му нареди да ја донесе неговата глава. И тој отиде, му ја отсече главата во темницата,

Прочитајте целосна глава Марко 6