Стар Завет

Нов Завет

Марко 6:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И отиде оттаму и дојде во Својот роден крај, а Неговите ученици одеа по Него.

2. А кога дојде саботата, почна да поучува во синагогата, и мнозина, кои слушаа, се зачудија и рекоа: „Откаде Му е ова Нему? И каква е мудроста што Му е дадена? И какви чудеса прават Неговите раце?

3. Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија, и брат Јаковов, и Јосиин, и Јудин и Симонов? И не се ли Неговите сестри тука меѓу нас?” И се соблазнија во Него.

4. А Исус им рече: „Пророк не е без чест, освен во својот роден крај, и меѓу своите роднини и во својата куќа.”

5. И не можеше таму да направи никакво чудо, освен што исцели малку болни, полагајќи ги рацете врз нив.

6. И се чудеше на нивното неверие. И обиколуваше по околните села и поучуваше.

7. И ги повика Дванаесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.

8. И им заповеда да не носат ништо за по пат освен еден стап: ни леб, ни торба, ни пари во појасот,

Прочитајте целосна глава Марко 6