Стар Завет

Нов Завет

Марко 4:36-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. И кога го отпуштија народот Го зедоа Исуса со себе, како што беше во коработ; и други кораби беа со Него.

37. И се подигна силна бура, а брановите се префрлуваа во коработ, така што коработ веќе се полнеше.

38. А Тој при кормилото спиеше на перница. И Го разбудија и Му рекоа: „Учителе, зар не Ти е грижа, што ние загинуваме?”

39. И стана, му се закани на ветрот и му рече на морето: „Стивни! Молкни!” И ветерот стивна и настана голема тишина.

40. И им рече: „Зошто се плашите толку? Како немате вера?”

Прочитајте целосна глава Марко 4