Стар Завет

Нов Завет

Марко 3:29-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. но кој похули на Светиот Дух, нема прошка довека,

30. туку го обвинува вечен грев. Зашто рекоа: „Има нечист дух!”

31. И тогаш дојдоа: Неговата мајка и Неговите браќа и, стоејќи надвор, испратија при Него да Го повикаат.

32. А околу Него седеше народ и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа надвор Те бараат!”

33. И во одговор им рече: „Кои се мајка Ми и браќа Ми?”

34. И ги погледна наоколу оние, кои седеа околу Него и рече: „Еве ги мајка Ми и браќа Ми;

35. зашто, кој ја исполнува Божјата волја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”

Прочитајте целосна глава Марко 3