19. и Јуда Искариотски, кој Го предаде.
20. И дојде во една куќа, и пак се собра народ, така што не можеа ни леб да јадат.
21. А кога Неговите чуја за тоа, излегоа за да Го приберат, зашто зборуваа дека не е при Себеси.
22. Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.
23. И откако ги повика, им зборуваше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?
24. Ако едно царство се раздели против себеси, тоа не може да се одржи.
25. И ако дом се раздели против себеси, тој дом не може да опстане.
26. И ако сатаната се кренал против себеси и се разделил, не ќе може да опстане, туку му дошол крајот.
27. Но никој не може да влезе во куќа на силен и да му ја ограби покуќнината, ако првин не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби неговата куќа.