Стар Завет

Нов Завет

Марко 3:16-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И ги определи Дванаесетмина: и на Симона му го даде името Петар,

17. па Јакова Зеведеев и Јована, братот Јаковов, на кои им го даде името Воанергес - што значи: Синови на Громот;

18. и Андреја, и Филипа, и Вартоломеја, и Матеја, и Тома, и Јакова Алфеев, и Тадеја, и Симона Хананец,

19. и Јуда Искариотски, кој Го предаде.

20. И дојде во една куќа, и пак се собра народ, така што не можеа ни леб да јадат.

21. А кога Неговите чуја за тоа, излегоа за да Го приберат, зашто зборуваа дека не е при Себеси.

22. Книжниците пак, кои дојдоа од Ерусалим, зборуваа дека го има Велзевула и дека со помош на демонскиот кнез ги истерува бесовите.

23. И откако ги повика, им зборуваше во параболи: „Како може сатаната да изгонува сатана?

24. Ако едно царство се раздели против себеси, тоа не може да се одржи.

25. И ако дом се раздели против себеси, тој дом не може да опстане.

26. И ако сатаната се кренал против себеси и се разделил, не ќе може да опстане, туку му дошол крајот.

27. Но никој не може да влезе во куќа на силен и да му ја ограби покуќнината, ако првин не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби неговата куќа.

28. Вистина ви велам, дека на човечките синови ќе им бидат простени сите гревови и хули, колку и да хулат;

29. но кој похули на Светиот Дух, нема прошка довека,

30. туку го обвинува вечен грев. Зашто рекоа: „Има нечист дух!”

31. И тогаш дојдоа: Неговата мајка и Неговите браќа и, стоејќи надвор, испратија при Него да Го повикаат.

32. А околу Него седеше народ и Му рекоа: „Ете, мајка Ти и Твоите браќа надвор Те бараат!”

33. И во одговор им рече: „Кои се мајка Ми и браќа Ми?”

Прочитајте целосна глава Марко 3