Стар Завет

Нов Завет

Марко 3:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И влезе пак во синагогата, а таму имаше човек со исушена рака.

2. И Го набљудуваа, дали ќе го излечи во сабота, за да Го обвинат.

3. И му рече на човекот, кој имаше сува рака: „Застани насреде!”

4. И им рече: „Дали е дозволено во сабота: да се прави добро или зло? Да се спаси душа, или да се погуби?” А тие молчеа.

5. Тогаш ги изгледа, наоколу, со гнев, и натажен заради закоравеноста на нивните срца, му рече на човекот: „Протегни ја раката!” И тој ја протегна и стана пак здрава неговата рака.

6. А фарисеите, кога излегоа, веднаш се советуваа со иродовците против Него, за да Го уништат.

7. А Исус се повлече со Своите ученици кон морето, и големо мноштво од Галилеја, тргна по Него, и од Јудеја,

8. и од Ерусалим, од Идумеја и од другата страна на Јордан; од околината на Тир и Сидон, големо множество дојде при Него, откако чуја што правел.

9. И им рече на Своите ученици да Му се приготви еден кораб, заради народот, за да не Го притискаат.

10. Бидејќи мнозина излекува, така што навалуваа на Него сите, кои страдаа, за да Го допрат.

11. И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син!”

12. И им забрануваше строго да не Го разгласуваат.

13. И се искачи на гората и ги повика при Себе оние, кои ги сакаше и тие отидоа кај Него.

Прочитајте целосна глава Марко 3