Стар Завет

Нов Завет

Марко 11:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија.

7. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.

8. И мнозина ги постилаа своите облеки по патот, а други - гранчиња, што ги сечеа по нивите.

9. А тие кои одеа пред Него и по Него викаа: „Осана! Благословен, Кој доаѓа во Господово име!

10. Благословено царството на нашиот татко Давид, што доаѓа во името Господово! Осана во висините!”

Прочитајте целосна глава Марко 11