Стар Завет

Нов Завет

Марко 11:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И оддалеку виде една смоква, што имаше лисја; дојде не би ли нашол нешто на неа; а кога дојде не најде ништо освен лисја, зашто уште не беше време за смокви.

14. Тогаш проговори и и рече: „Отсега никој довека да не јаде плод од тебе!” А Неговите ученици слушаа.

15. И дојдоа во Ерусалим. И кога влезе во Храмот, почна да ги изгонува сите, кои купуваа и продаваа во Храмот. И им ги преврте масите на менувачите на сребрениците, и столиците на продавачите на гулаби.

16. И не дозволуваше некој да пренесе каков и да било сад низ Храмот.

Прочитајте целосна глава Марко 11