Стар Завет

Нов Завет

Марко 11:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, Исус испрати двајца Свои ученици

2. и им рече: „Одете во селоно што е пред вас и штом ќе влезете ќе најдете врзано осле, на кое уште никој од луѓето не седел. Одврзете го и доведете го!

3. И ако ви рече некој: ‘Зошто го правите тоа?’ - речете: ‘Му треба на Господа’, и тој веднаш ќе го прати тука.”

4. И отидоа и го најдоа ослето врзано до вратата, надвор покрај патот, и го одврзаа.

5. А некои од оние, кои стоеја таму им рекоа: „Што правите? Зошто го одврзувате ослето?”

6. А тие им одговорија како што им рече Исус, и тие ги оставија.

7. И го доведоа, при Исуса, ослето, и ги ставија своите облеки врз него, и седна на него.

Прочитајте целосна глава Марко 11