56. зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси.” И отидоа во друго село.
57. И додека одеа по патот, еден му рече: „Ќе Те следам каде и да одиш.”
58. Исус пак му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици - гнезда, а Човечкиот Син нема каде да ја потпре главата.”
59. А на друг му рече: „Врви по Мене!” Но тој рече: „Господи, дозволи ми најнапред да одам и да го погребам татка си.”
60. Му рече: „Остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци. А ти оди и проповедај го Божјото Царство!”
61. Рече и друг: „Јас ќе Те следам, Господи, но дозволи ми прво да се простам со своите домашни!”
62. Исус пак му рече: „Никој, кој ја ставил својата рака на ралото, а погледнува назад, не е достоен за Божјото Царство.”