Стар Завет

Нов Завет

Лука 9:47-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себеси,

48. и им рече: „Кој го прима ова дете, во Мое име - Мене Ме прима. А кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил; зашто, кој е најмал меѓу сите вас, тој е голем.”

49. А Јован проговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој истерува нечисти духови во Твое име, и му забранивме, зашто не оди со нас.”

50. Исус пак му рече: „Не бранете му - зашто, кој не е против вас - за вас е.”

51. А кога дојде време да се вознесе, Тој го насочи Своето лице да патува за Ерусалим;

52. и испрати гласници пред Своето лице. Тие отидоа и дојдоа во едно самарјанско село - да приготват место за Него.

53. Но не Го примија, зашто лицето Му беше кон Ерусалим.

54. Кога го видоа тоа учениците, Јаков и Јован рекоа: „Господи, сакаш ли да заповедаме да слезе оган од небото и да ги истреби, како што направи и Илија?”

55. А Тој се заврте и ги укори, велејќи: „Вие не знаете од каков дух сте;

56. зашто Човечкиот Син не дојде да погубува човечки души, но да ги спаси.” И отидоа во друго село.

57. И додека одеа по патот, еден му рече: „Ќе Те следам каде и да одиш.”

58. Исус пак му рече: „Лисиците имаат легла и небесните птици - гнезда, а Човечкиот Син нема каде да ја потпре главата.”

59. А на друг му рече: „Врви по Мене!” Но тој рече: „Господи, дозволи ми најнапред да одам и да го погребам татка си.”

Прочитајте целосна глава Лука 9