Стар Завет

Нов Завет

Лука 9:47-50 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

47. А Исус, знаејќи ја мислата на нивните срца, зеде едно дете и го постави покрај Себеси,

48. и им рече: „Кој го прима ова дете, во Мое име - Мене Ме прима. А кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил; зашто, кој е најмал меѓу сите вас, тој е голем.”

49. А Јован проговори и рече: „Учителе, видовме еден, кој истерува нечисти духови во Твое име, и му забранивме, зашто не оди со нас.”

50. Исус пак му рече: „Не бранете му - зашто, кој не е против вас - за вас е.”

Прочитајте целосна глава Лука 9